Оставка на Ковачевски најверојатно на 26 јануари

Премиерот Димитар Ковачевски најдоцна до 26-ти јануари ќе треба да поднесе оставка од функцијата, за да може да се формира техничката Влада.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите рече дека до него нема известување дека партиите се договориле за датумот за избори. Но рече дека од медиумите е информиран дека тоа може да биде 8-ми мај.

“Ако изборите се одржат на 8 мај како што се пишува во медиумите тогаш на 28 февруари или 70 дена порано треба да се распишат изборите, а на 26-27 јануари да се фирмира техничка Влада. До мене до сега не е стигната информација од партиите дека е договорено изборите да се одржат на 8 мај заедно со претседателските”, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.