Осум бомби „кашикара“ пронајдени во Боговина, Тетовско

Во село Боговина се пронајдени 8 рачни бомби, од типот Кашкара, јавува СПБ Тетово. Надлежните вршат проверки на местото на настанот, а познато е дека бомбите се кинеско производство, поточно нови модели.

„Вчера околу 17 часот од КВМК бев известен дека во село Боговина, на местото викано Престовец се пронајдени експлозивни направи, а потоа во соработка со полицијата го обезбедивме местото и денеска дојде мојот колега кој го обезбеди и ги демонтира бомбите.

„Зборуваме за 8 касетни бомби, произведени во Кина, тие се нов модел“, изјави Мухамед Авзија, раководител на Центарот за управување со кризи во Тетово.