Осум кандидати за нови обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

За пет нови места за обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Советот на јавни обвинители се поднесени осум кандидатури.

Конкурсот официјално, како што велат од Советот на јавни обвинители за МВР, заврши вчера и кандидатурите ќе бидат разгледани во следниот период.

Советот на јавни обвинители во април годинава донесе одлука за избор на пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

За обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, Советот ги избра обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Колариќ.