Откриено е кои таблети ги користел Ѓоковиќ во финалето против Алкараз: По нивната употреба, се издигна од пепелта и ја зеде круната! (фото)
Чудесниот начин на освојувањето на титулата на Новак Ѓоковиќ во Синсинати е нешто за што долго ќе се зборува.
Покрај нереалната ментална сила што уште еднаш ја покажа Новак Ѓоковиќ, секого го привлече вниманието и на еден детаљ кога побара специјални таблети од својот тим. Откако ги зеде, следеше опоравување, а со тоа и подобра игра и титула.
Во еден момент се чинеше дека Ѓоковиќ ќе се откаже, но во преносот можевме да видиме како одмавнува со главата, што очигледно потврди дека не сака да се откаже.
Потоа на следната пауза докторот му дал апчиња кои ги голтнал, а се чини дека имаат врска со болките низ кои поминува српскиот тенисер. Сепак, како што ги земаше, успеа да направи брејк во вториот сет и да го израмни резултатот, со што натпреварот повторно беше многу неизвесен.
Во првиот сет, при водство од 5:4, Новак му се развика на својот тим, барајќи суплимемт. Во годините на Новак енергијата се губи многу побрзо отколку пред седум-осум години кога тој беше во најдобра можна форма, а тој сè почесто користи креатин на паузите меѓу натпреварите, пишува Sportal.
Tокму тоа му недостигаш! Покрај клупата на една од паузите, беше многу нервозен, па им викаше на тренерите што побрзо да му го набават овој додаток.