ОТКРИЕНО – Лионел Меси се враќа назад !? Барселона испрати астрономска понуда за Аргентинецот и голем број бенифиции на нивната легенда

Аргентинецот Лионел Меси очигледно нема да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен (ПСЖ) и ќе биде слободен играч на крајот од оваа сезона.

Се погласни се гласините дека Лионел Меси ќе се врати назад во Барселона, а добро информираната новинарка Вероника Брунат ексклузивно ја објави првата понуда на Барселона за нивната легенда.

Барселона е подготвена на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња да му го понуди истиот идентичен договор каков што го има актуелната првотимска ѕвезда Роберт Левандовски, што значи плата од 13.000.000 евра нето за следната сезона и уште 3.000.000 една година подоцна.

Дополнително, Меси би имал одреден процент на спонзорски договори, договор до 2025 година, со тоа што втората година не е задолжителна.

Барселона на крајот би приредила голем проштален натпревар за својата легенда доколку тој одлучи да замине во пензија.

Аргентинецот ги помина сите помлади категории на Барселона, освои четири титулуи на Лигата на шампионите со овој клуб и дури седум „Златни топки“ за најдобар играч на светот.