ОТКРИЕН СЛЕДНИОТ ПОТЕГ НА ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА – Високи американски претставници зборуваа за втората фаза од операцијата во Појасот Газа
Владата на Соединетите Американски Држави (САД) очекува израелската војна против Хамас во Појасот Газа да влезе во нова фаза во наредните денови, се наведува во петокот во извештајот на американските медиуми.
CNN објави, повикувајќи се на висок владин функционер во Вашингтон, дека администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, очекува намалување на воздушните напади и посилен тактички фокус на копнената кампања.
Официјалниот претставник изјавил дека целта најверојатно ќе биде расчистување на огромната мрежа од подземни тунели од кои дејствува Хамас.
Додека хуманитарната помош продолжува да се влева во Појасот Газа, американската Влада очекува намалување на она што го видовме од масовните израелски воздушни напади.
Од нападот на 7. октомври од страна на палестинската екстремистичка група Хамас, која владее со Појасот Газа, Израел соопшти дека погодил повеќе од 12.000 цели во крајбрежната област. Во меѓувреме, копнените сили напредуваат и против терористите на Хамас и воени цели таму.
Израел ги објави своите планови да го истреби Хамас откако неговите милитанти започнаа брутално дивеење низ израелските градови кои се граничат со Појасот Газа, убивајќи 1.400 луѓе и киднапирајќи 249 други како заложници.
После тоа, Израел секојдневно го бомбардира крајбрежниот појас и ги засили копнените операции, а цивилното население е под опсада без основни потреби.
По масовните воздушни напади врз бегалскиот камп „Џабалија“, за кој Израел тврди дека е главниот организатор на масакрот на 7. октомври, израелската пешадија тврди дека пронашла оперативни планови, мапи и комуникациска опрема на Хамас, како и лични информации за командантите и терористите на Хамас.
Овие информации ќе бидат анализирани од израелското разузнавање и ставени на располагање на Армијата за идните битки, се вели во соопштението.
Палестинските извештаи велат дека многу од жртвите во кампот „Џабалија“ биле цивили. Израелската Армија соопшти дека сè уште не може да каже колку цивили загинале, тврдејќи дека во нападите биле убиени 50 терористи.
Информациите обезбедени од двете страни е речиси невозможно независно да се проверат.