‘ПАДНАА МАСКИТЕ!’ – Виктор Орбан никогаш досега претходно не застанал вака во одбрана на Владимир Путин: Цела Европа зборува за ова ‘скандалозно’ интервју – погледнете што кажа!

Во големото интервју за германски Bild, на прашањето дали Владимир Путин е воен злосторник, Виктор Орбан ладнокрвно одговори: „За мене тој не е“, пренесуваат странските медиумски агенции.

Ние сме во војна. Можеме да зборуваме за воени злосторства по војната. Ако сакате примирје и преговори, тој може да ги убеди завојуваните страни да седнат на маса. Да им кажеш да дојдат на маса и дека ќе ги уапсиш не е добра идеја“, го објаснува својот став Виктор Орбан.

Премиерот на Унгарија се осврна и на бунтот во Русија што го започна Евгениј Пригожин, наведувајќи дека овие настани не го ослабнале Владимир Путин бидејќи бунтот бил брзо задушен.

Кога бунтот ќе се потисне во рок од 24 часа, тоа е знак на сила“, додава Виктор Орбан, кој смета дека Русија не е ослабена од овие настани.

Тој додава дека Русија функционира поинаку од европските земји.

Владимир Путин е стабилен, тој е избран лидер на Русија, тој е популарен и структурите зад него се доста силни“, вели Виктор Орбан, кој верува дека Владимир Путин ќе продолжи да биде на власт во Русија и следната година.