– Најмалку 57 лица загинаа, а повеќе од 140 се ранети во два бомбашки напади што се случија денеска во пакистанските покраини Балуџистан и Хајбер Пахтунхва.
Првата експлозија се случи во близина на џамијата во областа Мастунгу, кога луѓето се собирале на програма по повод денот на раѓањето на божјиот пратеник Мухамед.
Локалните медиуми јавија дека најмалку 52 лица, меѓу кои еден полицаец, загинале во првата експлозија, а повеќе од 130 луѓе се ранети.
Локалните власти тврдат дека се работи за самоубиствен бомбашки напад.
Втората експлозија се случи во џамија во областа Хангу.
Според првичните информации, во тој напад загинале најмалку пет лица, а 12 се ранети. Меѓу загинатите има и полицаец.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите.