Фабриката каде што се произведуваа компоненти и делови од израелско оружје во Бристол е затворена од вчера по одлуката на израелските производители.
По десетици протести на пропалестински организации предводени од групата „Палестинска акција“ во Велика Британија, објектите на израелската воена компанија „Елбит Системс“ беа затворени.
Израелската компанија имаше договор за закуп од 2019 година, а тој не требаше да истече до 2029 година. Од друга страна, протестите пред оваа локација траат со недели, што вклучуваше блокади, зафаќање на покривот, кршење прозорци и обележување на локацијата со црвена боја.
„Елбит Системс УК“ е подружница на „Елбит Системс“, најголемиот производител на оружје во Израел. „Елбит Системс“, кој минатата година оствари приход од 6,8 милијарди долари, е наведен на својата веб-страница како клучна компанија за развој на беспилотни системи.
Најновите извештаи од „Елбит Систем УК“ покажуваат дека компанијата остварила оперативна загуба од 4,7 милиони фунти минатата година, во споредба со профит од 3,8 милиони фунти во 2023 година.