Палестински извори тврдат дека има десетици загинати и повредени во израелските напади кај бегалскуиот камп Нусејрат

 – Израелската армија соопшти дека во тек е напад врз инфраструктурата на Хамас во областа на бегалскиот камп Нусејрат во Појасот Газа.

Министерството за здравство на палестинската енклавата, пак, објави дека има десетици мртви и ранети, пренесува БТА.

Палестинските здравствени власти соопштија дека многу жртви и ранети, меѓу кои и деца, се донесени во болницата Ал Акса во Газа.

– Десетици повредени лежат на земја и медицинските тимови се обидуваат да ги спасат со достапните медицински ресурси што им се на располагање, објавија палсетинските власти на Фејсбук.