ПАНИКА ВО КРЕМЉ! Експлозии одекнуваат на Крим, дали Украина ќе ја ослободи одземената територија !? Се е подготвено за финалната пресметка…

Експлозии над кримскиот град Феодосија одекнаа во раните утрински часови во саботата, откако руската воздушна одбрана истрела ракети за да собори проектил лансиран од украинските вооружени сили.

Според руски извори, одговорот на против-воздушната одбрана бил успешен и проектилот бил соборен. Тие тоа го илустрираа со фотографии од фрагменти од соборената ракета. Според нивните тврдења, остатоците од ракетата паднале во мала населба и нема повредени.

Сепак, според видеата објавени на социјалните мрежи, од местото на ударот може да се види висока колона чад како резултат на експлозија со поголема сила од самите фрагменти што паѓаат. Чадот се крева на местото каде што се наоѓа против-ракетната база за ПВО со радарска инсталација, па не е исклучено ракетниот напад да не бил успешен.

Од фотографиите од фрагментите што ги објавија Русите, сепак не е јасно за која ракета се работи, а некои делови на фотографиите се неверојатно слични на делови од ракетата истрелани од системот С-300, кој го користеше против-воздушната одбрана. Не би било прв пат по „успешното соборување на непријателска ракета“, снимки и фотографии од уништувањето да пристигнуваат од руските воени бази.

Меѓутоа, многу поважно прашање од тоа дали украинската ракета е успешно соборена или не – од каде потекнува и како не била забележана порано. А сите можни одговори еден по друг значат само повеќе главоболки за руските сили.

Најблиската линија од која може да биде истрелан проектилот е оддалечена околу 250 километри од местото на падот. Според тврдењата на руската војска, проектилот бил истрелан дури од областа Одеса, за да лета кон целта преку Црното Море, од Феодосија е оддалечен дури 415 километри.

Тоа повторно би значело дека Украинците користат ракети со долг дострел од сопствено производство, бидејќи такви проектили не добиле од Запад. Станува збор за ракети Hrim-2 кои не се непознати, развиени се неколку години пред руската инвазија, но Украина ги користела само во неколку наврати досега бидејќи немале воспоставено производство. Овој напад, пак, е втор во последниот месец, што укажува дека Украинците со помош на западните сојузници успеале да започнат производство на ракети чиј дострел, според јавно објавените податоци, е до 500 километри.

Ако се проучи можниот пат во случај проектилот да го прелета Црното Море, ќе излезе дека на тој пат е и мостот што го поврзува Крим со Русија. Тоа, пак, ќе биде нова епизода во кошмарот на Русија, бидејќи неодамна успеаја да обноват дел од мостот на Крим, кој беше тешко оштетен во експлозијата на камион-бомба минатата година.