ПАНИКА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Никој не знае која е таа: Морничава жена од Србија танцува сама на улица среде ноќ и им се заканува на луѓето со нож (видео)
Речиси и да нема корисник на социјалната мрежа ТикТок од Балканот кој деновиве не си го поставил истото прашање додека го гледа видеото од жена која практично стана урбан мит во Србија.
Видеото е објавено во средината на февруари а досега има 78 милиони прегледи, во описот на видеото пишува: „Луѓе, внимавајте“.
Станува збор за жена, за која српските медиуми пишуваа уште во септември 2019 година, а сега нејзиниот изглед почна да ги плаши луѓето во Србија но и ширум светот.
И денеска не се знае која е, но наводно се појавува среде ноќ и сама танцува на улица. Ништо чудно за Србија, каде луѓето сакаат да играат и да се забавуваат, но проблемот е што оваа жена се заканува со нож на минувачите.
„Приказната се шири, како и фотографиите и видеата на кои жена, за која велат дека не е во ред, облечена во нешто слично на народна носија, скока пред луѓе и автомобили, а потоа почнува да игра нешто слично на движењата на српскиот фолклор. Имено, за да биде работата уште полоша, луѓето од автомобили пуштале музика за да им се тргне од патот, а минувачите се криеле, бидејќи таа вадела нож, кој го носи со неа и им се заканува на луѓето“, изјави тогаш извор за српскиот весник Курир.
Граѓаните пред неколку години наводно снимиле непозната повозрасна жена во близина на Градската болница на „Ѕвездара“ во Белград. Граѓаните на социјалните мрежи тврдат дека ја виделе во Нов Белград, а видео-снимката која моментално кружи на социјалните мрежи не е нова. Српски Курир наведува и дека се уште е мистерија дали записите се автентични или само некаква шега. Нејзиниот идентитет и денес е непознат и останува мистерија.