Папата Лав ги критикуваше националистичките политики: „Нема место за предрасуди што нè разделуваат“

Папата Лав XIV го критикуваше појавувањето на националистичките политички движења денес, без да именува ниедна конкретна земја или национален лидер, објави Ал Џезира Балканс.

Тој се помоли на денешната миса пред десетици илјади верници на плоштадот „Свети Петар“ Бог да „отвори граници, да урне ѕидови и да ја протера омразата“, објави Ројтерс.

„Нема простор за предрасуди, за „безбедносни“ зони што нè одделуваат од нашите соседи, за исклучивиот начин на размислување што, за жал, сега го гледаме како се појавува во форма на политички национализми“, рече врховниот поглавар на Римокатоличката црква.

Лав XIV, поранешен кардинал Роберт Превост, беше избран на 8 мај за наследник на папата Франциск на чело на Римокатоличката црква, а пред изборите не престана да го критикува американскиот претседател Доналд Трамп, објавувајќи бројни осуди за него и за потпретседателот Џ.Д. Венс на мрежата X.

Ватикан не потврди дека новиот папа е сопственик на таа сметка на мрежата X, која беше деактивирана откако беше избран.

Покојниот папа Франциск беше и остра критика на Доналд Трамп.