Париската обвинителка Лоре Беко сподели загриженост за можното зголемување на бројот на злосторства во градот за време на Олимпијадата.
-Очекуваме зголемување на бројот на кривични дела. Ќе има повеќе туристи, па ова се нашите очекувања. Зборуваме за џебни кражби, прекршоци во алкохолизирана состојба, акти на насилство, можеби и сексуално насилство, изјави Беко за „Франсинфо“.
Летните олимписки игри 2024 година ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август.
Се очекува на овие Олимписки игри да има досега невидени безбедносни мерки.
Франција најави засилени безбедносни мерки за време на Игрите и алтернативни планови во случај на терористички закани.