– Парламентот на Естонија денеска го одобри предлогот според кој замрзнатите руски средства се користат за финансиска компензација за штетата предизвикана на Украина од воената инвазија на Москва. Ова се наведува во соопштението на естонското Министерство за надворешни работи, објавено денеска.
Вредноста на руските средства, кои се замрзнати во западните земји, изнесува повеќе од 300 милијарди долари, се наведува на веб-страницата на Естонската јавна телевизија (ЕРР).
„Направивме голем чекор кон создавање преседан што Европа може да го следи“, рече министерот за надворешни работи Маргус Цахна.