Педесет и еден решен предмет за кривични дела против животот и телото во Основен суд Кавадарци за 2022 година
– Педесет и еден решен предмет за кривични дела против животот и телото е евидентиран во Основен суд Кавадарци за 2022 година. За ова попладнево ја информираа јавноста од судот, објавувајќи го извештајот од извршената анализа на кривични предмети.
Решен е еден предмет за кривично дело убиство. Има 46 кривични дела за телесно повредување. Седумнаесет предмети се за семејно насилство. Регистрирани се и кривични дела против имотот и други имотни права. За кривични дела против имотот има вкупно 62 предмети.
Триесет и пет предмети се однесуваат за кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај. Во прегледот на сторени кривични дела против слободите и правата на човекот, 34 предмети.