Пијалокот во кој се колне Меланија Трамп: Го намалува апетитот, желбата за слатки и го забрзува слабеењето
Со оглед на тоа што е поранешен модел, не е изненадување што првата дама ги знае сите мали трикови за одржување на витката линија. Иако пред речиси 2 децении се откажа од манекенската кариера, нејзината линија е совршена и денес, кога има 50 години.
Се запрашавме која е тајната на топ-формата на Меланија Трамп и откривме дека тоа е едноставна навика која секој од нас може да ја примени.
Иако Меланија се грижи за својот изглед, нагласува дека не оди во крајности: „Живеам здрав живот, се грижам за својата кожа и моето тело, но ништо не претерувам“.
Таа вели дека нејзината витка линија се должи на пијалокот со кој започнува секое утро. Смути направено од нејзините омилени состојки и дава доволно енергија за цел ден и ја одржува сита многу долго. Овој напиток е одличен за контрола на апетитот, но и за започнување на процесот на слабеење, поради неговите состојки.
Покрај тоа, секогаш кога има желба за слатки и чувствува глад, таа ја прави оваа напивка.
„Кога ќе почувствувам потреба за слатки, го правам овој пијалок и после тоа желбата ми оди. Тоа е неверојатно корисно кога станува збор за овие ситуации“, рече таа.
Вака изгледа рецептот за смути во кое се колне Меланија Трамп:
Состојки:
– Свеж спанаќ
– Целер
– морков
– боровинки
– јаболко
– исцеден портокал
– исцеден лимон
– јогурт со малку маснотии
– неколку капки маслиново масло
– семе од чиа
– витамин Д во капки
Сите состојки ставете ги во блендер додека не добиете изедначена смеса и напитокот е премногу редок за пиење.
Што се однесува до остатокот од денот, таа се обидува да јаде многу овошје во текот на денот, бидејќи е богато со витамини и минерали, вклучувајќи фолна киселина, витамин Ц и калиум, а богата е и со влакна, кои можат да помогнат во одржување на здрави црева. .
Светската здравствена организација препорачува да се јаде најмалку 400 грама дневно за да се намали ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања, мозочен удар и некои видови на рак.