Грција во финалето ја совлада Хрватска.
Грчката кошаркарска репрезентација се пласираше на Олимписките игри претходната вечер откако во финалниот натпревар на турнирот во Атина ја совлада Хрватска со 80:69.
Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 23 поени и осум скока и беше најзаслужен за елиминирање на ривалот, а по мечот покажа дека е само човек.
Кошаркарот на Милвоки Бакс седна на клупата и плачеше како мало дете по големиот момент за својата земја.
За потсетување, Грците се во групата на смртта заедно со Канада, Шпанија и Австралија.
What it means for Giannis 🥹#FIBAOQT pic.twitter.com/rpacKTH6PA
— FIBA (@FIBA) July 7, 2024