Победникот на Евровизија бара Израел да биде исклучен од натпреварот: Разочарувачки е што сè уште учествува
Австрискиот Џеј-Џеј, кој победи на Евровизија во Базел, јавно побара на Израел да му се забрани учество на гореспоменатиот музички натпревар, кој ќе се одржи во Виена следната година.
„Многу е разочарувачки да се види дека Израел сè уште учествува на натпреварот. Би сакал следната Евровизија да се одржи во Виена без Израел“, рече тој во интервју за „Ел Паис“.
Иако Европската радиодифузна унија (EBU) постојано тврди дека Евровизискиот натпревар за песна е политички неутрален, оваа година беше полна и со контроверзии бидејќи на Израел му беше дозволено да учествува и покрај фактот дека врши геноцид врз палестинскиот народ.
Џеј Џеј исто така, критикуваше дека процесот на гласање на Евровизија не е транспарентен и повика на реформи за зголемување на транспарентноста на гласањето.
За потсетување, белгискиот јавен радиодифузен сервис VRT бара транспарентност од ЕБУ во врска со гласањето поради Израел.
Покрај Белгија, истото го бараат и шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE и германскиот телевизиски канал ARD.