ПОВЕЌЕКРАТНА КОРИСТ: НЕ ФРЛАЈТЕ ГО ТАЛОГОТ ОД КАФЕТО – ЕВЕ ЗОШТО

Шолја „мало црно кафе“ со неодолив мирис и вкус е најдобриот утрински сојузник и омилено дневно освежување за многумина. Но, дали знаевте дека неговиот талог е корисен и на многу начини?

Пред да се ослободите од него, размислете дали можеби е подобро да го зачувате и подоцна да го користите за разубавување, заштита од инсекти, освежување на станот или како растителна храна.

Се прашувате како? Еве го одговорот:

– Ако, на пример, ви треба пилинг, кога пиете кафе, преостанатиот остаток измешајте го со мед. Смесата што ја добивте е одлична за пилинг на телото и лицето, но и како антицелулитно средство.

Кога вашата коса има потреба од освежување, секогаш можете да направите маска од остатоците. Процесот е многу едноставен, бидејќи сè што треба да направите е да го втриете пред да го измиете со шампон и да го оставите да отстои неколку минути. Кога ќе ја миете косата со вода, ќе се изненадите од ненадејниот сјај на вашата коса. Ова, сепак, не важи за русокосите, бидејќи нивната коса неприродно би потемнила.

– Доколку сакате да се заштитите од досадните инсекти, можете повторно да го искористите талогот. Втријте го на местата кои се најподложни на напади од комарци, бидејќи силниот мирис на остатоците од кафето сигурно ќе ги избрка.

– А за да се ослободите од непријатните мириси во станот, остатоците ставете ги во мал сад и ставете го во фрижидер или до корпата за отпадоци.

– „Остатокот“ од кафе е добар и во борбата против валканите садови. Само втријте го на садот на кој му треба чистење и работата е завршена. Можете да користите сличен рецепт за да го вратите сјајот на дрвениот мебел. Остатокот измешајте го со вода, па премачкајте го креветот и фотелјите, оставете да делува неколку минути и избришете ги површините со чиста крпа.

– И за крај, не заборавајте дека талогот од кафе помешан со вода е одличен избор за дополнување на почвата на вашите (куќни) растенија.