“ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ПРАВАТ ТИЕ!“ – Доналд Трамп пристигна во Мајами за да се соочи со федерално обвинение – анкетите велат дека тоа не му наштетило и е апсолутен фаворит

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пристигна во Мајами во понеделникот за да се соочи со федерално обвинение, бидејќи резултатите од новата анкета на медиумската агенција Reuters покажаа дека судењето нема да му наштети на неговите изгледи на изборите следната година.

Доналд Трамп треба да се појави во федералната судница во Мајами во вторник во 15 часот по локално време.

Тој беше обвинет за незаконско задржување доверливи документи и за лажење на службениците кои се обиделе да ги вратат, но Доналд Трамп тврди дека е невин и вети дека ќе ја продолжи кампањата за изборите во ноември 2024 година.

Доналд Трамп, кој во среда го слави својот 77 роденден, со приватен авион пристигна во Мајами во 14:54 часот по локално време, јавуваат американските медиуми.

СЕ НАДЕВАМ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ГЛЕДА ШТО И ПРАВИ РАДИКАЛНАТА ЛЕВИЦА НА САД“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social со големи букви пред да замине од Њу Џерси.

Обвинението против Доналд Трамп не влијаеше на неговата популарност меѓу републиканските гласачи.

Анкетата на Reuters, чии резултати беа објавени во понеделникот, покажа дека 81 отсто од републиканците веруваат дека обвинувањата против Доналд Трамп се политички мотивирани. Исто така, резултатите покажаа дека Доналд Трамп е фаворит за номинација на Републиканската партија.

Околу 43 отсто од луѓето кои се идентификуваат како републиканци рекле дека Доналд Трамп е нивниот префериран кандидат, во споредба со 22 отсто кои го избрале гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис. На почетокот на мај Доналд Трамп го предводеше Рон ДеСантис со 49 наспроти 19 отсто, но тоа беше пред Рон ДеСантис официјално да ја објави својата кандидатура.

Специјалниот советник Џек Смит го обвини Доналд Трамп дека зел илјадници документи кои содржеле некои од најкласифицираните информации за националната безбедност откако ја напуштил Белата куќа во јануари 2021 година и ги складирал во неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида, се вели во обвинението објавено минатата година.

Доналд Трамп е првиот поранешен или сегашен претседател кој се соочува со кривични пријави, но правните експерти велат дека тоа не го спречува да се кандидира за функција или да ја преземе функцијата претседател дури и ако е осуден.

Доналд Трамп го обвини демократскиот претседател Џо Бајден дека ги организирал обвинувањата против него за да ја оштети неговата изборна кампања. Џо Бајден се огради од случајот и одбива да го коментира.