Очевидци велат дека маж (31) се обидел да влезе во домот преку отворен прозорец, но бил спречен од станарот кој го удрил.
31-годишен маж, осомничен дека убил тројца и повредил уште тројца во Нотингем, се обидел да упадне во старечки дом пред една од жртвите да биде избодена до смрт, пишува Sky News.
Скај њуз доби снимка од видео надзор на која се гледа дека осомничениот бара начин во домот за стари лица во Сили Хирст.
Сведоците велат дека еден маж се приближил до споменатиот дом на улицата Маперли по 4:00 часот. Тој се обидел да влезе низ отворен прозорец, но еден од станарите се разбудил и го удрил. Осомничениот потоа паднал на земја.
Осомничениот потоа барал друг влез во куќата Сили Хирст, а кога не го нашол, се упатил кон патот Магдала. Телото на училишниот чувар Иан Коутс (65) беше пронајдено таму не многу подоцна .
31-годишниот е обвинет за убиство на Коутс и студентите Грејс Кумар (19) и Барнаби Вебер (19).
Сите три жртви се убиени со нож.
После тоа, осомничениот се обидел со комбето да прегази три лица, кои веднаш биле префрлени во болница.
Човекот кој е осомничен за убиството на споменатите три лица во моментов е во притвор.