Познатата актерка се обиде да стане од каучот во премногу тесен фустан, но залудно: Донатела Версаче пукна од смеење (ВИДЕО)

Не секој фустан е најудобен. Има такви во кои не можете да ги правите наједноставните работи – на пример, да станете од кревет. Таква голгота ја снајде познатата актерка Ен Хатавеј, која добро ќе го памети црвениот фустан од Версаче што неодамна го носеше во Милано. Неволјите кои ја затекнаа ги објави јавно, на Инстаграм.

Околу два милиони лајкови има урнебесно видео покрај кое Ен Хатавеј напиша дека не може ниту да седи ниту да дише во претесен црвен фустан. Таа беше придружувана од креативниот директор на Версаче, Донатела Версаче, додека се обидуваше да се симне од каучот.

Нејзините реакции предизвикаа лавина смеа, како и реакцијата на Донатела, која жаргон кажано, пукна од смеење .

„Помогнете ѝ, не може да се движи“, вели Донатела во видеото. Ен Хатавеј се обидува со последните атоми од силите да се „извади“, па вели: „Добро сум, се е во ред, мило ми е што ме поканивте во Милано“.

Актерката гостуваше на неодамна одржаната Модна недела во Милано, долго време соработува со иконската италијанска модна куќа и доживеа вистинска модна револуција во стилот.