Познатата манекенка се појави на Ролан Гарос без грам шминка: Покажа како изгледа по раскинувањето со Винсент Касел (фото)
Финалеро на Ролан Гарос во Париз во неделата го следеше Тина Кунаки. На трибините имаше многу познати личности. Поранешната сопруга на Винсент Касел избра спортско-елегантна облека. Со минимална шминка и лежерна фризура, таа сепак изгледаше гламурозно како на црвениот тепих.
Тина Кунаки, која во 2018 година се омажи за францускиот актер Винсент Касел, со кој ја има ќерката Амазонија, често се појавува во јавноста со минимална или без шминка. Поради очилата за сонце, не може со сигурност да се каже дали овојпат целосно го избрала „природниот изглед“, иако повеќе од јасно е дека агресивната шминка не била нејзин избор.
Пред неколку месеци се појави веста дека Тина Кунаки и Винсент Касел се разведуваат. По таа вест, како и изминатите години, добро познатата манекенка е во центарот на вниманието на јавноста.
И двајцата засега не го коментираат пропаѓањето на нивниот брак, но актерот кажа многу бришејќи заеднички слики од Инстаграм.