Познатата порно-ѕвезда открива некои од најшокантните тајни од нејзината индустрија: “Кога ќе слушнете колку долго имав односи…“
Австралиската порно-ѕвезда Анџела Вајт ги откри своите најбизарни фантазии, како и детали за нејзините експлицитни сексуални искуства. Таа детално зборуваше за тајните на нејзиниот сексуален живот во последната епизода од подкастот „Only Stans“.
34-годишната девојка се отвори за снимањето пред разговорот да тргне по малку необичен пат – за интимност со вонземјани.
„Најдолгиот секс што сум го имала беше шест часа“, призна Вајт, објаснувајќи дека за време на таа маратонска врска морале да направат пауза за да одат во тоалет.
После тоа, таа призна дека би сакала да проба секс со вонземјанин и дека е „љубопитна“ кога се во прашање сексуалните искуства.
„Но, самата идеја дека постојат интелигентни суштества кои би можеле да се согласат на секс ми е интересна. Како би било да имам секс со вонземјанин ? Многу сум љубопитна и сакам да ги искусам сите работи што можам да ги направам во овој живот“, призна порно-ѕвездата и додаде дека „нема линија што треба да се повлекува“ кога станува збор за сексуалното задоволство.
Овие признанија дојдоа откако таа неодамна доживеа инцидент за време на снимањето на секс сцена, кој беше толку насилен што „можеше да ја убие“. Имено, британскиот ветеран на секс индустријата Киеран Ли изјавил дека „за малку ќе ја убил“ Вајт додека снимале секс сцена која траела еден час, по што таа итно била пренесена во болница поради пукнатини на слепото црево.
Сепак, Вајт подоцна појасни:
„Моето слепото црево всушност не пукна, но вистината е дека имав апендицитис и морав да направам итна операција за да го отстранат“, откри таа.