Познатиот српски актер по кој лудуваат девојките од регионот нема да глуми во хит серијата на HBO откако беше обвинет за поддршка на геноцид и војната на Русија: “Ова е пораз на уметноста…“

Познатиот српски актер, Милош Биковиќ, нема да глуми во третата сезона на серијата на HBO White Lotus“, пишува Deadline. Хит серијата овој пат се снима на Тајланд, а да потсетиме дека бројни контроверзи настанаа кога Милош Биковиќ беше избран за улогата. Имено, се пишуваше дека Србинот отворено ја поддржува Русија.

Видеото, кое го означува Милош Биковиќ како „поддржувач на геноцидот“ и „странски портпарол на Кремљ“, го прикажува актерот како навидум ја поддржува руската окупација на Крим, акција што и претходеше на руската инвазија на Украина во 2022 година. Актерот доби руско државјанство со декрет потпишан од Владимир Путин во 2021 година, а неколку пати бил и на Крим, вклучително и на службени патувања. Од 2019 година му е забранет влез во Украина.

Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на сеопфатната инвазија, сега треба да глуми во третата сезона на серијата ‘White Lotus‘ на HBO“, се вели во видеото. 

HBO, дали е во ред да работете со личност која поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право ?“, напишаа украинските власти покрај видеото. 

Многу корисници на социјалните мрежи повикаа на бојкот на хит-серијата доколку во нејзе земе улога Милош Биковиќ.

Актерот сега се огласи со изјава на социјалните мрежи:

Пораснав во земја разурната од војна. Имав единаесет години кога бев во засолниште за време на војната. И не би го посакал тоа на никого. Моето учество сега не е можно, од причини кои немаат никаква врска со уметноста и не сакам да имам никаква врска со ништо што го загрозува ниту мојот интегритет, ниту на серијата“. 

Познатиот српски актер смета дека резултатот од кампањата против него е „триумфот на апсурдот и поразот на уметноста“.