ПОЗНАТИОТ ФРАНЦУСКИ ДВОРЕЦ ПОВТОРНО ЕВАКУИРАН – Осомничениот уапсен, но заканите за бомби не престануваат
Версајската палата беше повторно евакуирана во неделата по анонимна закана за бомба, соопшти туристичката атракција во близина на Париз, додека безбедносниот персонал ги пребаруваше просториите.
Ова е седмо затворање на дворецот за осум дена поради безбедносни закани.
Иако осомничениот е уапсен, заканите за бомби продолжија, а сето тоа на крајот се покажа како лажно.
Стотици училишта во Франција, како и регионални аеродроми беа цел на слични закани во последните денови.
Властите велат дека зад многу од лажните аларми стојат млади луѓе. Инцидентите ескалираа по смртоносниот напад на млад исламист врз наставник во северниот француски град Арас минатата недела.
Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво поради заканата од тероризам по убиството.