ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР СКАПО ЌЕ ГО ПЛАТИ РАЗВОДОТ – На поранешната сопруга мора да и ги предаде куќите, автомобилите, дури и бензинската, а се поради многу бизарна причина
Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Гана, пензионираниот фудбалер Асамоа Гијан скапо ќе го плати разводот со сопругата, мајка на неговите три деца. Судскиот спор траел три години, при што Асамоа Гијан тврдел дека децата не се негови, но откако со ДНК тест било потврдено неговото татковство, судот немал милост.
Сега тој е должен да и ги предаде на поранешната сопруга клучевите од куќата во Велика Британија и уште една куќа во Акра, потоа бензинската пумпа што ја поседува и згора на се два автомобили. Судот одлучил дека поранешната сопруга на фудбалерот дала безготовински придонес за купување куќи, бидејќи таа била единствената која се грижела за децата додека Асамоа Гијан раководел со неговата фудбалска кариера. Обврзан е да плаќа и алиментација за децата во месечен износ од 25.000 гански цеди или околу 2.000 евра.
Асамоа Гијан играше за Удинезе, Рен, Сандерленд, Ал Аин, Кајзериспор, индиски Норт Ист Јунајтед, а кариерата летово ја заврши во татковината, во дресот на Легон Сити. Со репрезентацијата на Гана играше во четврт-финалето на Светското првенство 2010 година, во кое од 11 метри ја испушти победата против Уругвај.