Познат актер (44) пронајден мртов! Телото било врзано и ставено во кутија, а потоа закопано во дворот од куќата (Фото)

Бразилскиот актер Џеферсон Мачадо, кој исчезна во јануари, е пронајден мртов, пишува „Дејли мејл“.

Неговото тело е пронајдено врзано и ставено во дрвена кутија и закопано речиси два метри под бетонскиот под во населбата Кампо Гранде во западниот дел на Рио де Жанеиро, соопшти полицијата, а пренесуваат медиумите.

Телото е идентификувано со помош на отпечатоци од прсти.

Имотот каде што било погребано телото на актерот и’ припаѓа на жена која на полицијците им рекла дека таа ја изнајмила помошна зграда за маж кој полицијата го идентификувала како осомничен, но не го именувала, објави бразилскиот G1.

Се претпоставува дека Мачадо, кој живеел во Рио де Жанеиро, го познавал лицето кое го изнајмило имотот каде што било пронајдено неговото тело и бил виден како влегува во имотот пред еден месец, пренесува „Р7“.

Според дополнителни извештаи, потребни биле девет лица, вклучително и седум цивилни полициски агенти, за да го извадат телото од дупката.

Семејниот адвокат на Мачадоси изјави дека пронајденото тело е од актерот.

– Џеферсон беше ладнокрвно и брутално убиен од завидливи, зли и секако бескрупулозни луѓе – напиша на Инстаграм профилот на актерот Синтија Хилсендегер, пријател на семејството.

Актерот имаше 44 години, а последен пат беше виден на 27 јануари, додека официјално беше прогласен за исчезнат на 9 февруари.