Комисијата за осигурување од автоодговорност во понеделник мора да го разгледа Извештајот на Националното биро за осигурување за образложението и исправноста на донесените одлуки за поскапување на полисата за задолжително осигурување на моторни возила од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. , пишува ТВ21. Со донесените одлуки за поскапување на полисата за задолжително осигурување на возила од страна на осигурителните компании, полисата што ја плаќаат граѓаните за регистрација на возила со моќност над 44 киловати поскапува за 15,44 отсто. Поскапувањето е од 840 на речиси 1.600 денари во зависност од моќноста на автомобилот.