Полицијата наишла на маж во локви крв! Му фалел половиот орган, а кога ќе дознаете кој е осомничен, нема да ви се верува
Човек од Германија се здобил со страшни повреди, а се сомнева дека неговиот миленик, кучето Џек Расел, му го одгризал пенисот и потоа го изел.
Соседите повикале полиција во вторникот рано наутро поради непрестајното лаење на кучето околу 2 часот по полноќ.
По пристигнувањето во домот во Херне, северозападна Германија, полицајците слушнале болно стенкање. Потоа ја скршиле вратата и пронашле 66-годишен маж и неговото куче.
Полицијата набрзо сфатила дека животот на мажот е во опасност и итно бил пренесен во болница.
Како што пишува германски Билд, досега на местото на настанот не се пронајдени ниту пенисот на мажот, ниту „инструментот“ со кој е извршено злосторството.
И жртвата не можела сама да дава информации поради нејзината состојба.
Според официјалните лица, најверојатната хипотеза што се разгледува е дека кучето е причина за повредите на човекот.
Првиот главен полициски инспектор Френк Леманис изјави за Билд дека човекот бил ставен во вештачка кома по пристигнувањето во болницата.
„Се разбира, една хипотеза е дека кучето, кое е со големина колку Џек Расел териер, го одгризало пенисот и го изело. Раната може да е и од каснување, но можно е да е несреќен случај или кривично дело“, рече тој.
Иако инцидентот се случил во понеделникот вечерта, полицијата дури сега ги открила деталите од ова бизарно злосторство.