Полицијата пронајде три исчезнати лица! Тие беа во рацете на озлогласениот култ повеќе од две години! Уапсени баба и тетка! (ФОТО/ВИДЕО)

Три деца кои мистериозно исчезнаа пред повеќе од две години се пронајдени живи во мало пустинско гратче во близина на границата меѓу американските сојузни држави Аризона и Јута.

Децата исчезнаа во октомври 2022 година од нивниот дом во округот Бивер, Јута, предизвикувајќи двегодишна потрага која конечно имаше среќен крај.

Дојавата која локалната полиција ја добила на крајот на август ја предупредила за евентуалното место на живеење на децата. Во тоа време, полицијата веруваше дека таткото на децата можеби „го организирал нивното исчезнување и последователно криење“ .

Untitled-2.jpg

Исчезнатите деца беа пронајдени во куќата на нивната баба во Фредонија, Аризона , мал пустински град кој се наоѓа на 5 милји од границата Аризона-Јута.

По понатамошна истрага, полицијата на Фредонија открила дека децата биле намерно скриени од остатокот од светот, бидејќи одредени членови на семејството сакале да го сокријат нивното место на живеење.

Бабата и тетката на неименуваните деца беа уапсени под сомнение дека се вмешани во нивното исчезнување во 2022 година, додека нивниот татко е на слобода.

Децата, наводно, живееле со членови на конзервативната  
Црква на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни – религиозно движење кое често се споредува со култ поради неговата вмешаност во разни незаконски активности, вклучувајќи 
детски бракови, напуштање деца, сексуални напади и трговија со луѓе. Тие се попознати во светот под името Мормони.

Во соопштението за печатот издадено од полицијата се вели дека заедничките напори меѓу агенциите за спроведување на законот во Аризона и Јута успеале да ги ослободат децата на 1 септември.  Оттогаш децата се со мајка им.

– Полициската управа Фредонија сака да им се заблагодари на сите што помогнаа. Децата од денеска се безбедни и со нивната мајка, а истрагата продолжува – се вели во соопштението. 

Необичниот град во северна Аризона, познат како порта кон северниот раб на Големиот Кањон, има население од само 1.203 жители, според Бирото за попис 
на Соединетите држави.