Министерот за внатрешни работи Мариуш Камински денеска изјави дека од утре Полска ќе забрани влез на автомобили регистрирани во Русија.
Забраната е дополнителен дел од санкциите наметнати на Русија и нејзините граѓани во врска со војната во Украина, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Мариуш Камински.
Откако Естонија, Литванија и Летонија воведоа забрана за минување на автомобили со руски регистарски таблички во изминатите неколку дена, слична мерка вчера воведе и Финска, јави dpa.