Поминаа две години од разводот, а тој брзо најде 34 години помлада девојка 

Се чини дека познатиот актер Шон Пен (64) е над својата поранешна сопруга…

Пен деновиве престојува во Мадрид, а папараците го снимија во друштво на младата актерка Валерија Ников.

Парот уживаше во сосема обична прошетка, а фотографите на странските медиуми ги фотографираа додека разменуваа страсни бакнежи. Пен за оваа пригода облече лежерна облека – црна јакна и темни панталони, додека неговата сакана избра елегантен црн костум.

Актерскиот пар не се огласи за овие пишувања во медиумите, но очигледно е дека хемијата меѓу нив е, и тоа колку, силна.

Да потсетиме , Шон официјално се разведе од поранешната сопруга Лејла Џорџ во 2022 година . Претходно, Пен зборуваше за нивниот развод, а призна дека тој е главниот виновник за колапсот на нивната љубов.

Тоа беше трет брак на актерот. За прв пат се ожени со пејачката Мадона, а во брак беа од 1985 до 1989 година. Од 1996 до 2010 година беше во брак со актерката Робин Рајт, со која има две деца.