Френсис Ли, една од најголемите легенди на Манчестер Сити (330 натпревари и 148 голови), почина на 79-годишна возраст од рак на белите дробови.
Како член на „Граѓаните“ освои два Комјунити Шилд и една титула во прва дивизија, ФА Куп, Лига Куп и Куп на победниците на куповите, а работеше и како директор во клубот.
Манчестер Сити преку објава на социјалните мрежи се прости од клупската легенда, а објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.