Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во Отворено рече дека, протестите кои се случуваат низ Македонија се против системот а не против владата. Според него, најважно е младите да се внимателни бидејќи како што рече протестите може да се исполитизираат.
Тој зборуваше и за тоа дека секој што бил одговорен за несреќата во Кочани ќе одговара.
„За протестите разбирам зошто се случуваат, тоа не се протести против владата туку против системот. Систем против кој се бори и оваа влада. Системот се создавал 30 години. Апелирам. Нивниот порив е се да се заврши и да се оконча се до крај и се согласувам и јас и апелирам се да се реши и сите овие предмети да добијат свои завршни пресуди и тоа се да биде во интерес на правото а не во интерес на силата. Апелирам само да се внимателни и овој револт да не завши во погрешна насока, да бидат политички инструментализирани. Апелирам да се внимава бидејќи одредени политички партии се обидоа да го исполитизираат цел процес“, рече Попов.
Тој објасни дека во рок од 48 часа од несреќата во Кочани уапсени биле сите лица кои имаат поврзаност со целиот настан.
„Ова е прва ваква несреќа од која имаме брза реакција од владата, сите лица беа обезбедени во првите 48 часа, имаме околу 40 приведени, 24 лица во притвор, се изврши инспекција на се можно, одземени се лиценци на фирми кои работат со изградба и со проекти. Апелирам младите да имаат верба во државата и институциите, работиме ревносно, не е важно кој од која партија е, сите ќе одговараат. Жал ми е што мораше да се случи ова за да се освестиме, жал ми е што сме имале трагедии а никој не реагирал, се сеќаваме минатите трагедии како се реагираше но сега владата реагира веднаш, правдата ќе дојде. Сите кои имаат одговорност ќе си ја сносат. Истрагата тече, да оставиме да заврши и да видиме кој се ќе биде опфатен и осмоничен и обвинет и приведен“, додаде Попов.