Популарна српска актерка паднала на снимање и ги скршила двете раце: “Одев по тепих со штикли и се заглавив…“
Српската актерка Ива Штрљиќ вчера доживеала голема несреќа во која ги скршила двете раце. Имено, Ива Штрљиќ паднала за време на снимањето на новата серија на која работи, а колегите веднаш и помогнале.
„Ива снимаше нова серија и иако сцените не беа многу напорни, се сопна, падна и доживеа несреќа. Сите од сетот трчаа, а Ива болно стенкаше – веднаш се виде дека не и е добро. Набрзо пристигна помош, таа беше однесена во итната медицинска помош каде докторите и ги сликале рацете и се испоставило дека има скршеница. Таа е во гипс и сега одмара“, изјавил извор близок на актерката, а добро познатата 46-годишна актерка го потврди текот на настаните.
Моментално таа се опоравува во болница и чека операција, пишува Blic.rs.
„И покрај сето тоа, штом заврши операцијата, веднаш ќе продолжам со снимање на серијата со гипс. Нема да дозволам да ми трпи работата поради оваа ситуација. Вчера бев навистина исплашена и под стрес, а сега сум малку подобро, но ме боли“, рекла актерката која, како што тврди, на високи потпетици го преминувала тепихот и паднала.
Инаку Ива Штрљиќ е ќерка на познатиот хрватски актер Милан Штрљиќ.