ПОПУЛАРНИТЕ ЛЕКОВИ ВО ХОЛИВУД ИЛИ МЕЛАНИЈА ТРАМП – Кој е виновен за големата промена на Доналд Трамп !?
Откако Доналд Трамп го објави својот докторски извештај во кој акцент се става на неговото „одлично здравје“ и „губењето на килограми“, на Интернет се води вистинска дебата за тоа како поранешниот претседател на САД всушност изгубил тежина, пренесува Page Six.
Некои се запрашаа дали Доналд Трамп, како и повеќето познати имиња во Холивуд, можеби избрал лекот „Ozempic“ или друг лек за слабеење.
Еден извор вели за Page Six дека за тоа се виновни помалку посети на неговиот ресторан во Мар-а-Лаго, Флорида, а некои тврдат дека неговата сопруга Меланија Трамп го „средила“ својот сопруг.
Доналд Трамп наводно изгубил најмалку 13 килограми, а луѓето од неговиот круг велат дека се храни поздраво, но и помалку. Сепак, Меланија Трамп е заслужна и за неговите подобри навики во исхраната.
Во ноември, неговиот личен доктор, д-р. Брус Аронвалд од Њу Џерси, напиша дека со задоволство известува дека општото здравје на Доналд Трамп е „одлично“.
„Доналд Трамп ја намали својата тежина преку подобрена исхрана и континуирана секојдневна физичка активност, притоа одржувајќи ригорозен распоред на исхрана“, изјави Брус Аронвалд.
Сепак, многумина беа скептични за овие тврдења.
Во август, тежината на Доналд Трамп, наводно, надминала 100 килограми, а тој излезе во јавноста кога им се предаде на властите во Џорџија под обвинение за неговите наводни обиди да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година во оваа сојузна држава. Тогаш тој имал дури 11 килограми помалку од она што наводно го имал Доналд Трамп кога бил приведен на Менхетен во април минатата година.
Додека упатените инсистираат на тоа дека тој ја изгубил тежината, извор на Page Six вели дека тоа е „чиста шпекулација“ и дека Доналд Трамп земал лекови за слабеење како „Ozempic“, кои се многу популарни во Палм Бич, каде што сите одеднаш изгледаат послаби.