Поради облог го изел ова и паднал во кома! Му започнала агонија која траела осум години

Сем Балард прифатил навидум безопасен облог на забава – да изеде полжав. Тој момент на љубопитност се претвори во негов најлош кошмар, кога помина 420 дена во кома поради ретка инфекција, а неговиот живот засекогаш се промени.

Сем Балард, перспективен рагбист од Австралија, имал само 19 години кога моментот на младешка љубопитност му го променил текот на животот. За време на забава со пријателите во 2010 година, тој бил предизвикан да изеде полжав кој случајно се нашол во дворот.

Под влијание на виното и младешкиот ентузијазам, тој го прифати предизвикот и го проголта 
полжавот , не ни сомневајќи се за последиците што ќе следат.

Првично немало индикации за проблем, но неколку дена подоцна Сем почнал да чувствува болки во нозете, придружени со повраќање и вртоглавица.

Неговата мајка Кејти, плашејќи се дека се работи за наследна болест мултиплекс склероза, веднаш го однела во болница. Таму беше откриено дека Сем боледува од ретка инфекција предизвикана од паразитот Angiostrongylus cantonensis, кој го носат стаорци, а полжавите можат да бидат носители доколку дојдат во контакт со заразениот измет.

Оваа инфекција предизвикува благи симптоми или поминува незабележано кај повеќето луѓе, но во ретки случаи, како кај Сем, може да предизвика сериозни компликации. Тој паднал во кома која траела 420 дена. Кога се разбудил, бил неподвижен, врзан за инвалидска количка и зависен од цевка за хранење.

Мајката на Сем херојски се борела за неговото закрепнување, формирајќи фонд за собирање пари за покривање на огромните медицински трошоци. Сепак, здравствениот систем им ја отежна работата со намалувањето на финансиската помош, што предизвика притисок од јавноста. Средствата подоцна биле вратени, но здравствената состојба на Сем не се подобрила значително.

За жал, Сем почина во ноември 2018 година, по осум години борба со последиците од инфекцијата. Неговата приказна стана симбол на предупредување за потенцијалните опасности од импулсивните одлуки. Последните зборови што и ги упати на мајка си беа: „Те сакам“, оставајќи длабока трага во срцата на сите кои ја следеа неговата судбина.