Животот на Бритни Спирс отсекогаш го привлекувал интересот на јавноста, како во деновите на најголемата слава, така и во некои тешки моменти низ кои поминала една од најпопуларните пејачки во текот на кариерата.
Сепак, армија нејзини обожаватели во последните неколку месеци тврдат дека личноста која се претставува како Бритни на социјалните мрежи всушност не е таа.
Во една бизарна теорија која собра стотици илјади следбеници, се тврди дека некој друг се претставува како познатата пејачка користејќи апликации и други алатки, а некои одат дотаму што пишуваат дека „вистинската Бритни“ е мртва.
На едно од виралните видеа што се споделуваат на социјалните мрежи се гледа како пејачката танцува.
„Ова не е Бритни. Некој користел филтер за да личи на неа и јас ќе го докажам тоа“, вели TikToker @catvalles7.
Таа во еден дел го забави видеото и истакна дел од секундата што „многу лесно се пропушта“. Имено, додека Бритни ги спушта рацете над главата, филтерот на нејзиното лице за момент исчезнува. Кога видеото ќе паузира, нејзините веѓи и очи се разликуваат од она како изгледа вистинската Бритни.
Девојката е синоока и изгледа многу помладо од Бритни која моментално има 41 година.
Многумина во коментарите се согласија, па дури рекоа дека долго време чувствувале како ова да не е вистинската Бритни.
„Мислам дека на крајот ќе се дознае дека таа повеќе не е жива“, рече едно лице во коментарите.
„Бритни почина во 2001 година“, „Бритни и Џастин доживеаа несреќа во 2001 година и за жал не преживеа“, „Вистинската Бритни нема повеќе од 20 години“, „Ова е толку морничаво и тажно“, „Сè е различни, заби, нос, очи… Ова не е таа“, се некои други реакции.
@catspills PROOF THAT SOMEONE IS USING TECHNOLOGY TO BE #brittneyspears HOW CAN YOU DENY THIS. SHES GONE. WHO IS THIS PERSON?! @Aleisha #brittneyspearsmoment #freebritney #ai #aitechnology #proof #scarytruth #wheresbritney #wheresbritneyspears #fyp #gotcaught #caughtoncamera ♬ original sound – Cat Valles
Исто така, има многу видеа од Бритни како танцува во нејзината куќа, а споменатиот тиктокер истакнува дека тетоважите на Бритни исчезнуваат во еден кадар, но одеднаш се појавуваат во следниот кадар од истото видео. Теоријата е дека некој се претставува како Бритни и дека т.н „Deepfake технологија“ за личноста да изгледа токму како Бритни, поради што има пореметувања каде тетоважите наеднаш исчезнуваат и повторно се појавуваат.