Поради ова, Ѓоковиќ постојано ја критикува Јелена: Тара го сака тоа, не можам ништо да ѝ забранам (фото)

Јелена Ѓоковиќ не ги крие своите ставови за ниту една тема, вклучително и кога станува збор за воспитувањето на децата.

Напротив, таа отворено зборува за образовните методи кои ги применува на синот Стефан и ќерката Тара. Така таа еднаш откри зошто нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ постојано ја критикува во врска со нејзините деца.

„Мојот син сака да склопува лего коцки и да слуша музика, а со татко му сака да игра тенис и да гледа натпревари, кои можеби не и’ се омилени на мама. Сакам да танцувам со ќерка ми, таа сака да се шминка, додека јас не. Но морам да ја почитувам нејзината слобода на изразување преку таа уметност. Имав ситуација со мојот сопруг каде што критикуваше зошто не и’ забранувам да се шминка, тврдејќи дека таа е уште млада и дека ја учиме на погрешни работи. Му реков дека тоа го сака и дека не можам ништо да и’ забранам, туку само да и’ помогнам да го направи тоа подобро“, пренесува  Story.hr.

Како и обично, зборовите на сопругата на Новак започнаа дискусија на социјалните мрежи. Многу мајки се согласија дека на децата треба да им се даде слобода сè додека нивните интереси се соодветни и во согласност со моралните принципи, додека голем број го поддржаа ставот на Новак.