Се уште е млад играч, има само 22 години.
Талентираниот српски центар Душан Танасковиќ и Хрватот роден во Босна и Херцеговина Марко Баковиќ, кој најчесто игра на позицијата „четворка“, се новите кошаркари на МЗТ од Скопје, објави денеска македонскиот шампион.
Како што истакнуваат од управата на скопскиот клуб, Танасковиќ и Баковиќ им се „познати на стручњаците од овие простори, имаат искуство со настап во јадранските натпреварувања и од нив се очекува да бидат вистински бедем под кошевите“.
Српскиот кошаркар Танасковиќ (2,08 метри) потекнува од младинската школа на белградски Партизан, по што настапуваше за српските прволигаши Младост Земун и Дунав, додека минатата сезона 22-годишниот играч беше во АБА2 лигата Борча од Бања Лука. , каде имаше просек од 14, 2 поени и 6,1 скока по меч.
„Без разлика на годините, тој има одлична центарска техника, што јасно го покажува неговата статистика, според која погодува два од три шута кон противничкиот кош “, велат од управата на МЗТ.
Марко Баковиќ (2,03 метри) одигра 22 натпревари за загрепска Цибона на последниот АБА шампионат на AdmiralBet, а во Скопје доаѓа по 13 натпревари за шпанскиот второлигаш Леида.
Се додава дека покрај борбата во рекетот, негов заштитен знак е и одличниот шут за три поени, бидејќи често во кариерата од таа позиција имал речиси 50 проценти прецизност.
Српско-хрватскиот тандем во „сино-белиот“ дрес им се придружи на браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ и Марин Петков, кои и во следната сезона ќе ги води тренерот Васко Атанасов.