Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека сака построга контрола на кинеските онлајн шопинг портали „Тему“ и „Шеин“, како и укинување на прагот од 150 евра за царинење, пренесува агенцијата „ДПА“.
Неговото министерство веќе подготви нацрт акционен план за е-трговија, во кој агенцијата имала увид.
Секој што купува на интернет мора да смета на безбедни производи. Отровните материи немаат место во облеката или играчките. Дополнително, германските и европските компании не треба да бидат во подредена пазарна позиција бидејќи некој друг ги заобиколува регулативите, рече Хабек.
Азиските платформи за онлајн шопинг обично испорачуваат стоки со авион, а клиентите не плаќаат царина за нарачки до 150 евра.
Хабек ја повика и Европската комисија да ги консолидира податоците за заобиколување на прописите во тој сегмент од трговијата.
„Тему“ и „Шејн“ се исклучително популарни во Германија. Сепак, трговците, политичарите и организациите на потрошувачи често го критикуваат квалитетот на производите што пристигнуваат преку овие канали, недостатокот на контрола и заобиколувањето на регулативите за заштита на конкуренцијата.