Потегот кој засекогаш ја промени светската поп култура! Мадона и Бритни Спирс шокираа милиони гледачи со бакнеж за кој се зборува и денес
Мадона и Бритни Спирс ја шокираа светската јавност кога се бакнаа во уста на американските МТВ музички награди во 2003 година!
Се се случуваше пред полна арена во Њујорк каде што се доделуваа наградите, но и пред милионската публика која ја следеше церемонијата на доделување на телевизија во нивните домови.
Мадона , Бритни Спирс и Кристина Агилера на сцената ги изведоа хитовите на кралицата на попот, како „Like a virgin“ и „Hollywood“, а потоа следеше шок.
Во еден момент Мадона се сврте кон Бритни и ја бакна во уста, а неколку секунди подоцна истото го направи и со Кристина.
Потценување е да се каже дека сите присутни во арената беа шокирани, а се раскажува и реакцијата на Џастин Тимберлејк кој веднаш ја раскина врската со Бритни Спирс.
Бакнежот меѓу кралицата и поп принцезата со недели потоа ги полнеше весниците и насловните страници на сите светски медиуми, а за него се зборува и денес.
Причината за тоа е што нешто слично никогаш не се случило во живо во програмата и што никој не очекуваше бакнеж меѓу две жени.
ЛГБТ популацијата го искористи овој момент и им се заблагодари на пејачите што некако ја подигнаа свеста за положбата на геј популацијата во светот.
Според неодамнешното истражување на веб-страницата „Digital spy“, бакнежот на Мадона и Бритни е прогласен за бакнеж на деценијата.
Како изгледаше овој момент погледнете во видеото на крајот од текстот: