ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА ИЗРАЕЛСКИОТ АРМИСКИ ГЕНЕРАЛ – “Во Армијата сум 40 години, но ова… Убиваа бебиња пред очите на нивните родители!“

Само неколку часа откако израелските сили ја презедоа контролата врз Кибуц Кфар Аз од милитантите на Хамас, израелскиот армиски генерал-мајор Итаи Верув ги коментираше настаните на Блискиот Исток. Иако има долгогодишно искуство кое можело да го подготви за ваква ситуација, тој тврди дека не ни претпоставувал дека може да се случи вакво нешто.

слика

Во мојата кариера не сум видел вакво нешто, никогаш во моите 40 години служба не можев да замислам вакво нешто“, изјавил тој во вторникот за CNN.

Итаи Верув не можел да потврди колку луѓе загинале во нападот, но вели дека неговите војници поминале „околу 48 часа“ борејќи се со „брановите од терористи“ на патиштата и во соседните заедници.

Итаи Верув вели дека почнал да се бори против милитантите на Хамас во земјоделската населба Јахини во саботата. Тој заминал од една битка во друга на пат кон Сдерот, пред да пристигне во Кибуц Кфар Аз во понеделникот вечерта.

слика

Тој тврди дека бил сведок на ужасни сцени на ликвидација во Беера: Тој вели дека некои луѓе излегле надвор со своите деца, а борците на Хамас ги убиле.

Убиваа бебиња пред очите на нивните родители, а потоа ги убиваа нивните родители. Најдовме бебиња меѓу луѓето“, вели тој.

Тој зборуваше и за сцените што ги видел во Кибуц Кфар Аз, на само неколку километри од Беери.

Во моето детство слушнав за погромите во Европа, и секако за холокаустот… Целото мое семејство дојде од Европа, тие преживеаја. Но, не можев да замислам дека ќе гледам такви сцени со свои очи“, вели тој за CNN.

Итаи Верув сега истакнува дека не е време за чувства.

Време е за мисија, мора да бидеме многу ефикасни и силни. Можеби подоцна ќе одвоиме време да размислиме за себе и за својата душа. Сега сакам само да се бранам и да напаѓам“, вели тој.

Тој потсети дека во Кибуц Беери на југот на Израел, каде што живееле 1.000 луѓе, биле откриени голем број жртви кои загинале во молскавичниот напад во саботата наутро.

слика

Милитантите прв пат пристигнаа во Беери околу 7 часот наутро во саботата – само 30 минути по пробивањето на ѕидот на границата со Појасот Газа и Израел, според видеото до кое дојде CNN. Сè поверојатно е дека ова место е каде загинаа најмногу луѓе. Според моментално достапните податоци, таму се откриени повеќе од 100 тела.