Почина навивачот кој беше ранет пред десет дена! Беше застрелан со 6 куршуми

Навивачот Иван Асоди (28), кој беше тешко ранет на 4 ноември во Чукарица, почина денеска во болница по десетдневна борба за живот! Тој беше застрелан со шест куршуми во стомакот од засега непознат напаѓач, а Иван оттогаш беше на реанимација.

Асоди веќе и’ е добро познат на полицијата. Уапсен е на почетокот на август 2015 година, по убиството на Саша Јокшиќ во портата на храмот Свети Илија во Враниќ.

Кобниот ден, Иван и неговиот пријател Марко Петровиќ уринирале во капијата кога Јокшиќ ги предупредил да не го прават тоа. Пијаните млади момчиња го нападнале, а Петровиќ потоа го прободел два пати со нож во срцето.

Поради тоа дело Иван бил во притвор една година, по што бил пуштен да се брани од слобода. Тој веднаш побегнал во Австрија, но таму бил уапсен за друго кривично дело, па бил екстрадиран во Србија, која по него распишала потерница.

Меѓутоа, во јули 2020 година, Асоди беше ослободен во Вишиот суд во Белград за учество во убиството поради недостиг на докази, додека неговиот пријател Марко доби 17 години, бидејќи беше утврдено дека го ,,пикнал” ножот во срцето на несреќниот Грујиќ.