Почина сопруга на познат тенисер

Сопругата на познатиот руски тенисер Михаило Јужни (41), Јулија, починала по долго и тешко боледување, открива познатата тениска новинарка Синди Шмерлер.

Новинарката на угледните „Њујорк тајмс“ и „ЕСПН“ не соопшти детали, но се претпоставува дека несреќната Јулија имала рак.

Јужњи и неговата сопруга Јулија се венчаа во 2008 година во Москва и имаат два сина – Максим, роден во 2009 година, и три години помладиот Игор.

Рускиот тенисер Михаил Јужни имаше одлична кариера. Популарниот Миша има освоено 10 титули на АТП во сингл и девет титули во двојки. Тој исто така беше член на Дејвис куп тимот на Русија кој триумфираше во 2002 и 2006 година.

Тенисерот од Москва остана запаметен по својот исклучително насилен карактер. Љубителите на тенисот се уште се сеќаваат на сцената во Мајами во 2008 година кога тој целосно ги загуби нервите и си ја скрши главата со рекет.