Само десетина дена по парламентарните избори, во грчкиот парламент почнува тридневна расправа за гласање доверба на владата. На гласањето в сабота ќе му претходи обраќање на премиерот Мицотакис, како и на лидерите на партиите кои ќе ја претстават владината програма.
„Нова демократија“ победи со 40,56 отсто од гласовите и доби 158 пратеници, со што обезбеди парламентарно мнозинство од минимум 151 пратеник за формирање Влада.