ПО ЕДНАTA СЛЕДУВАШЕ ДРУГА НЕСРЕЌА: Најголем дел од жртвите од двете страни на границата се бегалци од Сирија! 300.000 луѓе останаа без домови

Околу 300.000 луѓе останаа без покрив над главата во Сирија. Работите да бидат уште полоши, некои од убиените во Турција се бегалци од Сирија, каде што се соочуваат со слични проблеми.

Земјотресот остави повеќе од 298.000 луѓе без покрив над главата во земјата зафатена од војна, а властите отворија 180 засолништа за раселените, соопштија сириските државни медиуми, очигледно мислејќи на областите под контрола на владата, а не на бунтовниците.

Најмалку 3.162 лица загинаа во Сирија. Жртви од земјотресот има и во Хама, 250 километри јужно од епицентарот во близина на турскиот град Газиантеп.

девојка, Сирија

Сирискиот амбасадор во ОН Басам Ал Сабаг призна дека Сирија има ограничени спасувачки капацитети и нема опрема, а причина за тоа според него е војната која трае повеќе од десет години и санкциите на Западот.

Советничката на претседателот Башар ал Асад, Бутаина Шабан, исто така ги обвини санкциите за недостигот на помош.

„Немаме доволно булдожери, немаме доволно кранови, немаме доволно нафта поради европските и американските санкции“, рече таа, пренесе Би-би-си.

Во таа земја, помошта по земјотресот дополнително се искомплицира со борбите што ја поделија земјата и ја уништија нејзината инфраструктура. Испораката на хуманитарна помош на ОН преку Турција до милиони луѓе во северозападна Сирија разурната од земјотресот би можела да продолжи во четврток.