Велосипедската тура, која по повод Денот на македонската државност – 8. Септември, традиционално ја организира велосипедскиот клуб Денда од Скопје, денеска се одржа по 13. пат.
Велосипедската тура „Независност“ во должина од 100 километри стартуваше претпладнето од населбата Езерски лозја во близина на Струга, по што тројцата учесници преку Охрид и Ресен стигнаа до крајната дестинација во Битола на Широк сокак.
На годинашното издание на оваа традиционална тура возеа претседателот на велосипедскиот клуб „Денда“, 53-годишниот Дејан Момировски, неговиот 17-годишен син Дејан Момировски и Филип Арсов (42), обајцата велосипедисти во скопскиот клуб.
Велосипедската трка „Независност“ се одржа со поддршка на Агенција за млади и спорт, а пред 12 години ја иницираа Дејан Момировски и Ѓорѓи Кузмановски, кој почина лани на 80 – годишна возраст.